Дома Трансфер зона Кинески клуб му буди „богатство“ на Ел Шарави

Кинески клуб му буди „богатство“ на Ел Шарави

Италијанските медиуми пренесуваат дека кинескиот клуб Шангај Шенхуа е силно зиантересиран за ѕвездата на Рома, Стефан Ел Шарави.

„Скај Италија“ пренесува дека кинескиот клуб на Ел Шарави му нуди 36 милиони евра за тригодишен договор, па сега се чека одговор на крилниот напаѓач.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шангај Шенхуа првично беше заинтересиран за Иван Перишиќ, но откако фудбалерот на Интер ги одби, се насочија кон Ел Шарави.

Доколку ја прифати понудата Италијанецот во следните три години во Кина ќе добива 12 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Ел Шарави има уште една година од договорот со Рома и „волчицата“ за неговата слобода бара 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…