Дома Фудбал Останато Кинеската лига водеведува ограничувања за странци!

Кинеската лига водеведува ограничувања за странци!

Карлос Тевез и Оскар сигурно не се последните големи имиња кои кариерата ќе ја продолжат во кинеските клубови, но во Кина сепак се грижат и за домашните фудбалери, па спремаат нови ограничувања за наредната сезона.

Според сегашното правило секој клуб може да има четворица странски фудбалери, плус еден фудбалер од некоја од азиските земји. Ова правило е познато како 4+1, но од 2017 година тоа ќе биде променето на 3+1.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челниците на кинескиот фудбалски сојуз овицијално го објавија овој предлог за намалување на бројот на странци од четири на три, а се споменува и одредување на финансиска редукција.

„Постои голема загриженост во опшеството во врска со инвестициите на кинеските клубови и доведување на најдобрите светски фудбалери. Доаѓањето на такви фудбалери сигурно ќе го унапреди квалитетот на лигата и ќе ја направи интересна за гледање“.

„Но во исто време ќе се зголеми финансискиот терет за клубовите и ќе се намали шансата на домашните таленти. Со цел развој на кинеските клубови на подолго време, националниот сојуз сака да воведе нов систем за финансирање на клубовите, но и промена на квотата за странци“, се вели во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал: Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Менаџерот на женскиот тим на Лестер Сити, Вили Кирк (45) доби отказ oткако внатрешната ист…