Дома Трансфер зона Кинезите тропнаа на врата на Санчез – му нудат вртоглави суми!

Кинезите тропнаа на врата на Санчез – му нудат вртоглави суми!

Ѕвездата на Арсенал Алексис Санчез сеуште нема ставено потпис на нов договор, а медиумите на Островот тврдат дека Чилеанецот не бил задоволен од последната понуда на „топџиите“.

Во меѓувреме на вратата на Алексис Санчез „тропнаа“ Кинезите кои во последно време не жалаат пари за да донесат фудбалски ѕвезди во Кина.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Раководството на „топчиите“ е подготвено да ја зголеми неговата неделна плата од 130.000 на одлични 200.000 фунти, но сето ова паѓа во вода со оглед дека Кинезите му нудат двојно повеќе, дури 400.000 фунти седмично, само за да се пресели на Далечниот Исток.

Ако ја прифати понудата, Санчез ќе стане најплатен светски фудбалер бидејќи ќе заработува годишна плата од околу 21 милиони фунти што е повеќе и од Кристиано Роналдо и Лионел Меси.

Доколку Чилеанецот не го продолжи договорот со Арсенал следното лето сигурно ќе биде продаден, а „топџиите“ како негова замена веќе го „пикираа“ Марко Ројс од Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…