Дома Трансфер зона Кинезите испратија „безобразна“ понуда за ѕвездата на Милан

Кинезите испратија „безобразна“ понуда за ѕвездата на Милан

Франк Кеси минатото лето пристигна од Аталанта и веднаш се наметна како еден од најважните играчи на Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеси е едноставно незаменлив во тимот на Гатузо и веќе се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, иако има само 21 година.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ добиле богата понуда од Пекинг Гоан. Имено, кинескиот клуб му понудил годиншна плата од 10 милиони евра, но и покрај тоа Кеси сака да остане на „Сан Сиро“.

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска го привлече вниманието и на многу европски гиганти, особено на ПСЖ кој спрема богата понуда за да го донесе во Париз.

Меѓутоа Милан не ни размислува да се раздели со еден од најдобрите свои фудбалери, па веќе започнал преговори за продолжување на соработката за фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…