Дома Трансфер зона Кинезите дадоа „амин“, Интер на чекор од првото засилување!

Кинезите дадоа „амин“, Интер на чекор од првото засилување!

inter

Како што пренесуваат италијанските медиуми, сопствениците на Интер се спремни да издвојат финансиски средства за сериозно засилување.

Познато е дека дефанзивецот на Лацио, Стефан Де Фрај веќе подолг период е желба на Интер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На Холанѓанецот на крајот од сезоната му истекува договорот со Лацио, не успеа да се договори за продолжување и се поизвесно е дека наредната сезона нема да го гледаме во тимот на Симоне Инзаги.

Според пишувањето на „Калчо Меркато“, создадени се услови Де Фрај да стави потпис на нов договор со „нероаѕурите“, откако Кинезите потврдија дека е се спремни да ги издвојат потребни средства.

„Нероаѕурите“ се одлучни во намерата да го доведат и покрај проблемите кои ги имаше неодамна со анти-допинг агенција по натпреварот против Верона.

Де Фрај би требало да потпише договор на пет години со плата од 3.5 милиони евра по сезона. Неговото доаѓање најверојатно ќе значи и заминување на Миранда кој изрази желба за преселба во татковината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…