Џошуа Кимих ќе биде на летната трансфер листа на Баерн Минхен, тврди денеска германски „Билд“.
Германскиот репрезентативец не е задоволен од статусот што го има во клубот, самиот најави дека сака да го напушти Минхен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пренесува новинарот Флоријан Плетенберг, Џошуа Кимих е заинтересиран за нова авантура, и на ум има пет клубови во кои би можел да ја продолжи кариерата.
Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Реал Мадрид и Барселона се клубовите кои го привлекуваат Џошуа Кимих.
Баерн нема намера да го пушти Кимих да замине бесплатно летото 2025 година и ќе биде отворен да ги слушне понудите за него на лето.
Joshua Kimmich is a candidate for sale in the summer. Both the club and the player are willing to listen to offers. Bayern are open to selling for a 'really big offer', while Kimmich is open to a move under the right circumstances. Reasons for Kimmich's potential departure: Aleks… pic.twitter.com/wLRxA4BA5E
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 18, 2024