Германскиот шампион Баерн одлучил да не му исплати плата на својот фудбалер Џошуа Кимих за периодот што ќе треба да го помине во карантин бидејќи тој одбива да се вакцинира.
Иако не е заразен со Коронавирусот, Кимих деновиве бил во контакт со заразено лице, а поради тоа што нема примено вакцина, сега мора да помине 14-дневен карантин. од Баерн се лути затоа што Кимих одбива да се вакцинира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кимих тврдеше дека не е против вакцинацијата, туку дека повеќе би сакал да чека долгорочно научно истражување. Но, Баерн одлучи Кимих, кој заработува околу 20 милиони евра годишно, да не добива плата за периодот што ќе треба да го помине во карантин, а таа изнесува околу 800 илјади евра.
Оваа одлука има правна основа бидејќи во Баварија неодамна работодавачите не се обврзани да им плаќаат на невакцинираните работници додека се во карантин.