Џошуа Кимих донесе конечна одлука кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен, потврдија германскте медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кимих влезе во последната година од договорот и за него силен интерес покажуваа Пари Сен Жермен, Ливерпул и Барселона.
Меѓутоа, спортскиот директор на Баварците Макс Еберл веќе потврди дека двете страни започнале преговори за нов договор.
Клубот бара од германскиот репрезентативец, кој моментално заработува 20 милиони евра годишно, да ја намали својата плата. 29-годишниот играч најверојатно ќе се согласи и ќе остане на „Алијанц Арена“.