Вардар и ПСЖ се екипите кои обезбедија директен пласман во четвфиналето на ЛШ, откако завршија на првото место во најсилните групи А и Б. Црвено-црните вечерва одиграа со нерешен резултат во дуелот со Висла Плок, кој беше ваков трет исход оваа сезона за Вардарци, но и покрај тоа што освоиja само еден бод, Вардарци останаа на првото место.

По одигрување и на останатите мечеви во двете групи, веќе е познат потенцијалниот противник на Европскиот шампион во четвртфиналето. Тоа ќе биде победникот од двомечот помеѓу екипите на Пик Сегед и Кил. Пик Сегед заврши на петтото место во нашата група, додека во групата Б четвртото место го освои екипата на Кил, откако успеа да остане непоразена на дуелот со ПСЖ и да ја задржи четвртата позиција пред екипата на Киелце. Рајн-Некар како четвртопласиран во групата А во осминафиналето ќе игра токму против тимот на Киелце, кој заврши на петтата позиција во групата Б. Токму ПСЖ ќе го чека својот противник во 1/4 од оваа осминафинална двојка, помеѓу Рајн-Некар и Киелце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…