Дома Фудбал Килијан Мбапе на одмор со ѕвездата на Реал Мадрид

Килијан Мбапе на одмор со ѕвездата на Реал Мадрид

По напорната сезона, Килијан Мбапе реши добро да се одмори, а планот му е да ужива на неколку дестинации, главно на море.

Тој моментално е на одмор во Мароко, додека во тек се шпекулациите дали ќе остане во ПСЖ до крајот на сезоната или ќе направи сензационална преселба во Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потсетуваме, 24-годишниот француски репрезентативец му порача на ПСЖ дека нема намера да го продолжи договорот со клубот кој е со важност до крајот на јуни 2024 година, поради што францускиот шампион се најде во искушение да го продаде.

Најсериозен кандидат за негово доведување е и неговиот омилен тим Реал Мадрид, чиј претседател Флорентино Перез подготвува понуда од речиси 250 милиони евра.

Мбапе се обиде за момент да ја заборави целата врева околу него и неговата иднина, а во Мароко е со познати лица и соиграчи од француската репрезентација, како Упамекано, Дембеле, Коло Муани…

Сепак, едно име им падна во очи на шпанските медиуми, а тоа е Едуард Камавинга. Уште еден соиграч на Мбапе од репрезентацијата, но и голем пријател. Тие двајца многу брзо би можеле да станат соиграчи и во клубот.

Фактот дека Мбапе е на одмор со Камавинго предизвика доста коментари на социјалните мрежи поради интересот на Реал Мадрид за ѕвездата на ПСЖ.

Впрочем, на социјалните мрежи не се двоумат да го наречат играчот на Реал Мадрид „Агент Камавинга“ бидејќи му даваат клучна улога Мбапе да слета во Мадрид во наредните недели.

Да потсетиме, Килијан Мбапе пристигна во ПСЖ во 2017 година. Првата сезона во клубот ја мина како позајмен играч од Монако, а потоа беше купен за 180 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Толку од фудбалот: Погба ја смени професијата!

Пол Погба неодамна доби четиригодишна суспензија од фудбалот поради допинг, па така сега в…