Џорџо Киелини важи за вистинска легенда на Јувентус, а во својата автобиографија откри дека на два пати бил блиску да го напушти актуелниот италијански шампион.
Првпат можел да замине во 2011 година и тоа во редовите на Реал Мадрид, сепак преговорите завршиле кога Жозе Мурињо се одлучиле место него да го доведе Рикардо Карваљо. Следната година имало преговори со Манчестер Сити кој во тоа време од клупата го водеше Роберто Манчини.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Можев да го напуштам Јувентус во 2011 година. Тогаш имаше преговори со Реал Мадрид, меѓутоа на крајот Мурињо одлучи место мене да го доведе Карваљо. Следната година моите менаџери имаа состанок со луѓе од Манчестер во Милано, сепак не се договоривме“, изјави Киелини.
Гледајќи од денешена преспектива Киелини сигурно не погреши што останал во Јувентус.