Дома Фудбал Италија Киелини: Погба? Кога дојде мислев дека е само уште еден играч во низата

Киелини: Погба? Кога дојде мислев дека е само уште еден играч во низата

Пред да се врати во Манчестер Јунајтед во 2016 гофина за 105 милиони евра Пол Погба од Јунајтед во Јувентус дојде како млада надеж во 2012 година.

Французинот во Италија пристигна како слободен играч откако во Манчестер Јунајтед не доби вистинска шанса. Капитенот на Јувентус Џорџо Киелини призна дека не бил премногу импресиониран од Французинот кога доаѓал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Искрено, мислев дека е само уште еден во низата кои поминуваат низ клубот без да оставаат трага. Но, после само три-четири им зборував на соиграчите дека е навистина добар. Сепак, сеедно не очекував многу од него, меѓутоа како што поминуваа деновите тој стануваше се подобар“.

„Во првите неколку натпревари не играше на својата природна позиција туку стоеше пред одбраната за да го ослободи Пирло. Беше јасно дека таа улога го ограничува. Кога доби прилика да покаже што знае покажа дека е голем играч. Не мислев дека ќе биде таков шампион, но успеа“, изјави Киелини.

Погба со Јувентус освои четири титули шампион на Италија, а потоа премине во Манчестер Јунајтед. Во последниот период повторно се поврзува со враќање во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…