После 17 години играње за Јувентус, Џорџо Кјелини одлучи да се проба во американска МЛС лига каде што потпиша за тимот на Лос Анџелес ФК.
На денешната прес-конференција Киелини откри дека Андреа Пирло и Алесандро Неста го советувале да се пресели во МЛС.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Апсолутно сум задоволен што го избрав овој клуб за себе во овој момент. Пред одлуката разговарав со Андреа Пирло и Алесандро Неста, а тие претходно ми рекоа дека треба да дојдам во МЛС“, изјави Кјелини, а потоа продолжи:
„Очигледно е дека има разлики. Фудбалот се игра поинаку од оној во Серија А, но секој тим има свој стил. Овој тим е совршен за мене бидејќи има многу млади играчи. Нивниот младешки ентузијазам и моето искуство се совршена мешавина за напредок на клубот“, заклучи Кјелини.