Антонио Конте во Челзи пристигна во 2016 година со цел да го спаси клубот после неуспешната сезона.
Италијанецот во својата прва сезона успеа да стигне до титулата, но веќе оваа сезона поминува низ криза. „Сините“ нанижаа два високи и неочекувани првенствени порази, а англиските медиуми веќе го „отпуштија“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа Абрамович се уште му верува, додека неговиот поранешен играч тврди дека станува збор за еден од најдобрите тренери во светот кои создава неверојатна атмосфера во соблекувалната.
Џорџо Киелини е дефанзивец кој со Конте соработуваше во Јувентус и италијанската репрезентација.
„Не се работи само за натпреварите. Секој ден, секој тренинг, Конте е како полициски наредник. Три години во Јувентус и две во репрезентацијата со него чуствуваме нешто посебно. После секој тренинг, не си уморен – мртов си. Тоа можеше да го издржиш дамо доколку веруваш во она што го правиш. Тој создава посебна атмосфера, сигурно е еден од најдобрите во светот“, изјави Киелини.