Дома Фудбал Италија Киелини: Заминувам среќен, ќе бидам најголемиот навивач на Јувентус!

Киелини: Заминувам среќен, ќе бидам најголемиот навивач на Јувентус!

Ветеранот Џорџо Киелини како и што се најавуваше ќе си замине од Јувентус на крајот на оваа сезона, Киелини заминувањето го потврди после вчерашното финале во Купот на Италија кое Јувентус го загуби од Интер после продолженија.

Киелини порача дека во понеделник кога Јувентус ќе игра дома против Лацио ќе се збогува од фановите на Јувентус на домашен терен.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Зад нас имаме 10 неверојатни години, сега треба момците да продолжат. Направив се што можев и се надевам дека оставив нешто. Во понеделник ќе се збогувам од фановите на Јувентус на стадионот, потоа ако ми останало уште малку сила можеби ќе играм и во Фиренца“.

„Оваа одлука е 100% мој избор, среќен сум што заминувам на така високо ниво. Дадов се од себе и ќе бидам најголем навивач на Јувентус откако ќе заминам. После толку години во клубот не можете да не го засакате“, изјави Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Газета дело Спорт“: Јувентус го избрал наследникот на Алегри!

Tијаго Мота одлично ја води Болоња и тој е желба на повеќе клубови, но според последните н…