Дома Фудбал Италија Киелини го „пецна“ Наполи: Некои се радуваа многу рано

Киелини го „пецна“ Наполи: Некои се радуваа многу рано

Јувентус синоќа со ремито против Рома го освои седмото последователно Скудето во Серија А.

„Бјанконерите“ успеаа да ја добијат битката за Наполи, иако до пред само две кола имаа само еден бод предност, после поразот во Торино.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Синоќа, ветеранот Џорџо Киелини не пропушти прилика да го „пецне“ големиот ривал и им порана на Наполитанците дека многу рано почнале да се радуваат.

„Одлична и многу важна сезона е пред својот крај. Се уште не сме свесни што постигнавме. Пишуваме нови страници во историјата, кои тешко ќе бидат повторени. Постигнавме нешто уникатно“, изјави Килеини.

„Губевме во Милано во второто полувреме, но сите оние кои не критикуваа, всушност не мотивираа. Многу луѓе покажаа недосток на почит кон нас, но ние сме со медал на градите. Ние сме најдобрите. Некои почнаа да се радуваат премногу рано“, истакна Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: После Реал заминувам во пензија

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, најави дека тренерската кариера ќе ја заврши на к…