Дома Фудбал Лига на шампиони Киелини верува во пресврт: Брз гол и супер натпревар на сите, не ни е гајле за Симеоне

Киелини верува во пресврт: Брз гол и супер натпревар на сите, не ни е гајле за Симеоне

chielini

Стоперот на Јувентус Џорџо Киелини верува во пласман во четвртфиналето.

Оние кои го сметаат Атлетико Мадрид веќе за четвртфиналист после првиот натпревар на „Ванда Метрополитано“ и победата од 2:0 против Јувентус прават грешка.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


https://www.youtube.com/watch?v=VySg8FRHdPE&t=237s

Логиката и здравиот разум велат дека Атлетико со една нога е во четвртфиналето иако не очекува реваншот во Торино. Шампионскиот карактер на Јувентус, предноста на домашниот терен, желбата да се покажат во подобро светло, сеќавањата на минатогодишниот реванш против Реал Мадрид им даваат надеж на навивачите на „старата дама“.

„За пресврт во реваншот пред се ни е потребна голема самодоверба. Разочарани сме што во првиот натпревар претрпевме штета од непотребни ситуации, но се уште не е готово. Дали Атлетико не изненади? Секако дека не, очекувавме таков натпревар. Повеќе или помалку беше онака како што очекувавме. Со тие ситуации кои направија разлика во нивна корист. Атлетико е тим кој секој противник го прави лош, не само нас“, изјави Киелини.

Сепак, искусниот стопер не ја губи надежта.

„Во вториот натпревар треба да бидеме повеќе активни, да играме по течно и да ги користиме шансите кои ќе ги имаме. Мораме да бидеме максимално внимателни од прекините бидејќи од нив Атлетико е најопасен“.

Сите ќе очекуваат да блесне Роналдо.

„Дали ќе ни биде потребно супер издание на Роналдо? Да, но и супер натпревар од Шчесни, Де Шиљо, Бонучи, Киелини…Сите мораме да одиграме на највисоко ниво. Мораме да постигнеме повеќе голови. Брз гол би ги променил работите, така беше во Мадрид минатата сезоната. Мораме да бидеме повеќе внимателни отколку на првиот натпревар“.

Гестот на Симеоне не сакаше да го коментира.

„Не ни е гајле за Симеоне. Имаме свои проблеми и не размислуваме за Симеоне“, заврши Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …