Џорџо Киелини во детството бил навивач на Милан, но со тек на времето тој израсна во вистинска легенда на Јувентус.
Киелини е легенда на Јувентус, но нема проблем да признае дека како дете навивал за Милан и дека негов идол бил Паоло Малдини. Меѓутоа може да се каже и дека оваа изјава на Киелини е мала провокација за навивачите на Милан.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„За жал бев навивач на Милан како дете, но подоцна пораснав и се поправив. Станував попаметен како што растев. Малдини беше мојот идол во тоа време“, изјави Киелини, па откри дека има брат кој секогаш навивал за Јувентус.
„Имам брат близнак кој секогаш беше навивач на Јувентус. И поради него јас избрав друг тим и изборот падна на Милан. Можете ли да ја замислете неговата среќа кога Јуве ме доведе кога имав 20 години? Кога дојдов тука веднаш се заљубив во клубот и бев сигурен дека во иднина нема да можете да најдете поголем навивач на Јувентус од мене“, откри италијанскиот ветеран.
Новинарите го запрашаа и против кого му било најтешко да игра.
„Ако ги тргнеме Роналдо и Меси кои се вонземјани, тогаш тоа е Ибрахимовиќ. Физички е силен, има одлична техника и силен карактер. Имав среќа да видам како е да се игра против таков шампион“, порача Киелини.