Дома Топ вести Киеза го избра новиот клуб, се сели во Милано

Киеза го избра новиот клуб, се сели во Милано

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Фиорентина започнале преговори за голема трампа која треба да се сличи ова лето.

Пандемијата со коронавирус предизвика големи финансиски загуби кај клубовите, па ова лето ќе гледаме многу трампи на трансфер пазарот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, Фиорентина е сериозно заинтересирана за Лукас Пакета, кој во Милан пристигна минатата година како големо засилување, но во последно време го загуби местото во првиот тим.

Моменталната цена на Бразилецот изнесува 30 милиони евра, а Милан на Фиорентина и нуди трампа и сака да го добие потописот на првата ѕвезда на „виолетовите“, Федерико Киеза.

Интерес за Киеза покажуваат многу европски клубови, но Фиорентина за неговата слобода бара 70 милиони евра, сума која тешко дека ќе биде платена ова лето.

Италијанските медиуми тврдат дека Киеза веќе донел одлука и сака да се пресели на „Сан Сиро“. Тој призна дека како дете бил голем фан на „росонерите“ и негов идол е Кака.

Неговиот агент веќе започнал преговори со „росонерите“, кои се спрмени во Фиренца да го испратат Пакета плус пари за да дојдат до потписот на Киеза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: УЕФА донела одлука со која ќе ги израдува сите селектори на Европското првенство

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе им дозволи на селекторите да повикаат 26 наместо 23 и…