Њукасл и Тотенхем ремизираа (2:2) во натпреварот од 30. коло од англиската Премиер лига.
Тимот на Жозе Мурињо беше пред победа, но без важни бодови во борбата за Лигата на шампионите остана во 86. минута од натпреварот. Њукасл во овој натпревар прв стигна до водсство. Жоелинтон во 28. минута погоди за 1:0, но потоа следуваше брз пресврт на Спарси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Го режираше Хари Кејн. Прво во 30. минута изедначи на 1:1, а четири минути подоцна погоди за 1:2. Во продолжение од натпреварот шанси имаше и на двете страни, а во 86. минута Њукасл дојде до изедначување. Вилок ја искорити лошата реакција на одбраната на Тотенхем и погоди за конечни 2:2.
Тотенхем така остана без два важни бода во борбата за Лигата на шампионите, доколку славеа во овој натпревари ќе дојдеа до четвртото место, вака остануваат пети со два бода помалку од Челзи.