Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Кејн: Бонучи и Киелини? Ако сакаш да бидеш најдобар, мораш да играш против најдобрите

Кејн: Бонучи и Киелини? Ако сакаш да бидеш најдобар, мораш да играш против најдобрите

Хари Кејн се надева дека Англија вечерва ќе го освои својот прв трофеј на европските првенства и втор на големите натпреварувања после Светското првенство во 1966 година.

Англија на „Вембли“ ќе игра финале на Еуро2020 против Италија и напаѓачот на Тотенхем верува дека тоа ќе биде идеално место за освојување на вториот трофеј.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Финале против Италија? Играњето на „Вембли“ ја прави приликата уште подобра. Нашите навивачи ќе бидат тука да ни дадат поддршка, а енргијата сигурно ќе биде неверојатно. Нема подобро место од „Вембли“ за освојување на вториот трофеј. Возбудувањето ќе биде огромно, но и напнатоста исто така. Само треба да излеземе и да ја извлечеме енергијата од стадионот“.

Италија е без пораз 33 натпревари во низа.

„Ќе биде навистина тешко. Италија е еден фантастичен тим. Имаат неверојатна историја и освојуваа важни трофеи. Тие се силен тим и имаат квалитетни поединци. Но имаме квалитет и ние да дојдеме до победата. Мораме да бидеме насочени на себе и да го задржиме менталитетот од претходните натпревари“.

Голем предизвик за Кејн ќе биде тандемот Киелини – Бонучи.

„Ако сакате да бидете помеѓу најдобрите напаѓачи тогаш морате да играте против најдобрите, а така ќе биде во недела“, истакна Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …