Дома Фудбал Кејлор Навас го продолжи договорот со ПСЖ

Кејлор Навас го продолжи договорот со ПСЖ

Кејлор Навас бранеше одлично оваа сезона на голот на ПСЖ, па поради тоа следуваше награда.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Франускиот клуб денеска објави дека репрезентативецот на Костарика потпиша нов договор со ПСЖ до летото 2024. година, што е за една година повеќе од моменталиот договор според кој во Париз требаше да остане до 2023. година.

Навас во Париз пристигна во 2019. година од Реал Мадрид, со кој претходно освои три титули во ЛШ.

Ќе се обиде сега со ПСЖ да го освои тој трофеј, а неговиот тим во полуфиналето игра против Манчестер Сити.

Исто така, Навас и друштво се борат за титулата и во Франција, а во трката се уште и Лион, Монако и Лил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…