Дома Фудбал Кеси: Не можев да и кажам „не“ на Барселона

Кеси: Не можев да и кажам „не“ на Барселона

Барселона денес и официјално го претстави новото засилување, Франк Кеси, кој доаѓа од Милан како слободен агент.

Кеси изјави дека имал многу понуди, но не можел да ја одбие Барселона и истакна дека е спремен да се бори за стартно место во тимот на Чави.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Доаѓам во голем клуб и имам желба да се докажам и да дадам придонес. Ибрахимовиќ ми кажа дека Барса е голем клуб и дека треба многу да работам за да си го обезбедам местото во тимот. Играв еднаш против Барселона и не можев да му кажам не на овој клуб“, изјави Кеси.

„Ќе му бидам на располагање на тренерот, може да играм на повеќе позиции. Знам дека немам загарантирано место во првиот тим, но спремен сум да работам напорно. Кога тренер како Чави ми се јави и сакаше да дојдам тука, не можев да го одбијам“, додаде Кеси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…