Дома Фудбал Останато Кепа се потсети на ситуацијата кога не го послуша Сари

Кепа се потсети на ситуацијата кога не го послуша Сари

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага денес не се сеќава со задоволство на конфликтот кој го имаше со тренерот на Челзи, Маурицио Сари.

Тогаш Кепа беше одлучен во својата намера и остана на голот да ги брани пеналите. Сега после неколку месеци се потсети на таа ситуација.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кепа во финалето на Карабао купот се здоби со повреда поради што Сари одлучи да го замени, покрај аут линијата чекаше Вили Кабаљеро, но Кепа одби да излезе и тогаш настана вистински хаос.

„Не сум горд поради тоа што се случи. Живеев во бура таа недела. Таква ситуација претходно никогаш немав доживеано. Се се случуваше брзо, се извинив, објаснив како се чуствував и се беше решено следниот ден. Беше тоа една непријатна ситуација“, се потсети голманот на Челзи.

Во таа пенал серија Кепа одбрани само еден пенал и Манчестер Сити го освои трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…