Голманот на Челзиа Кепа Аризабалга се огласи после вчерашниот скандал кој го направи со одбивањето да излезе од игра.
Кепа налути голем дел од фудбалскиот свет со одибивањето на излезе од игра во второто продолжение иако Сари сакаше да го замени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После натпреварот Кепа се огласи со соопштение на неговиот Твитер профил:
„Вознемирен сум и тажен што не ја освоивме титулата. Се боревме до самиот крај против одличен тим. Ќе продолжиме да работиме за да бидеме уште посилни“.
„Исто така би сакал да изнесам уште некои работи од денешниот натпревар“.
„Како прво би сакал да кажам дека жалам за начинот на кој натпреварот се заврши. Не ми беше намера да одбијам било каква одлука на теренот. Мислам дека во прашање беше недоразбирање. Тренерот мислеше дека не сум во состојба да го продолжам натпреварот, а мојата намера беше да му објаснам дека сум во состојба да помогнам да на тимот. Недоразбирањето траеше додека докторите кои ми помогнаа не отидоа до клупата тоа да му го пренесат на нашиот тренер. Имам голема почит кон Сари и неговиот авторитет“, стои во соопштението на Кепа на социјалните мрежи.
— kepa Arrizabalaga (@kepa_46) February 24, 2019
Слично објаснување после натпреварот даде и Маурицио Сари.
„Мислев дека Кепа не е спремен за пенали. Сакав Кабаљеро да влезе на терен бидејќи се плашев дека Кепа ќе има грчеви. Но, докторот ми објасни дека не се работи за грчеви“.
„Морам да разговарам со него и тој мора да разбере дека поради ваквите сцени ќе имаме проблем во медиумите. Беше тоа големо недоразбирање. Кепа беше во право, но на погрешен начин тоа го покажа“.
Сега се поставува прашањето дали навистина постоело толкаво недоразбирање или пак Сари и Кепа сакаат само да го прикријат проблемот со цел да не се создава дополнителен проблем во соблекувалната.
Live scenes of Chelsea goal keeper Kepa Arrizabalaga and Sarri. Man wants to finish the match?.#CHEMCI pic.twitter.com/vojAennPdc
— Chemical Boy ✌️ (@Chemicalboyy) February 24, 2019