Целиот спортски свет вечерва пишува за она што го направи Кепа Аризабалага во финишот од второто продолжение во финалето од Лига Купот против Манчестер Сити.
Како што е добро познато, Кепа одби да го напушти голот и не ја послуша наредбата на Сари.
Live scenes of Chelsea goal keeper Kepa Arrizabalaga and Sarri. Man wants to finish the match?.#CHEMCI pic.twitter.com/vojAennPdc
— Chemical Boy ✌️ (@Chemicalboyy) February 24, 2019
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите после натпреварот ја чекаа изјавата на Маурицио Сари, а на крајот од Италијанецот добивме крајно чудна изјава.
„Мислев дека Кепа не е спремен за пенали. Сакав Кабаљеро да влезе на терен бидејќи се плашев дека Кепа ќе има грчеви. Но, докторот ми објасни дека не се работи за грчеви. Морам да разговарам со него и тој мора да разбере дека поради ваквите сцени ќе имаме проблем во медиумите. Беше тоа големо недоразбирање. Кепа беше во право, но на погрешен начин тоа го покажа“, гласеше изјавата на Сари за медиумите во прес-конференцијата.
Јасно е дека Италијанецот се обидуваше да ја смири ситуацијата и сега дури и да е така јасно е дека никој не му верува.
Кепа освен што одби да излезе од игра во пенал рулетот не се ни прослави кога од белата точка шутираше Агуеро.
? – Not what Kepa Arrizabalaga would have wanted in the penalty shoot-out after his bust-up with manager Maurizio Sarri!
What should @ChelseaFC do with the 'keeper following the incident? ?
Watch analysis and reaction to @ManCity's win live on Sky Sports Football now! pic.twitter.com/cUBxpMClD1
— Sky Sports Football (@SkyFootball) February 24, 2019
Меѓутоа, навивачите на Челзи кои ја променија страницата на Викепдија (тука) поради овој случај дополнително ќе ги налути видеото кое се појави на социјалните мрежи.
Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Аризабалага и намигнува на камерата после натпреварот.
Kepa winked after the final whistle… what a joke of a club pic.twitter.com/y8XNkFv5RW
— Çay baba (@Versacaybaba) February 24, 2019