Дома Фудбал Англија Кепа во шокантен трансфер се враќа во Шпанија?

Кепа во шокантен трансфер се враќа во Шпанија?

Голманот на Челси, Кепа минатото лето пристигна на Стемфорд Бриџ од Атлетик Билбао како големо засилување.

Кепа дојде како замена за Тибо Куртоа, кој се пресели во Реал Мадрид и веднаш доби место во стартниот состав на Челси. Сепак, направи неколку скандали, но покажа дека е голман на кој може да се смета во иднина.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сеапк, утрово во англиските медиуми се појавија информации дека Кепа после само една година би можел да го напушти Стемфорд Бриџ. Наводно, Зинедин Зидан за него покажа огромен интерес и сака да го донесе во Реал.

Зидан не е задоволен од Куртоа, кој веројатно на лето ќе бара нов клуб, па покрај Навас сака во тимот да го има и Кепа. Овој 24-годишен голман може да биде замената за Давид Де Геа, кој Реал со години се обидува да го донесе на Бернабеу.

Де Геа со Кралевите се поврзува и овие денови, но тој е во преговори со Јунајтед и се очекува да потпише нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…