Дома Кошарка Кемниц и Кочов им се вратија на победите

Кемниц и Кочов им се вратија на победите

После двата порази во низа германски Кемниц каде што помошник тренер е поранешниот стратег на МЗТ Скопје се врати на победничките патеки со две победи во серија.

Кемниц вчера ја победи екипата на Хиделберг со 67:64. Најефикасен во нивните редови беше Вимберг со 15 поени, 9 скока и една асистенција. Со овие две победи во серија Кемниц дојде до четвртата позиција после осум одиграни натпревари во кои има пет победи и три порази.

Во следното коло Кочов и друштвото ќе се сретнат со Алба Берлин на гостински терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Со светски медалисти во составот, Македонија брка четири европски одличја

Македонскиот кикбокс-тим ќе има 33 претставници на Европското првенство во Скопје. Целта е…