Maтеја Кежман изјави дека се ближи моментот кога Сергеј Милинковиќ Савиќ ќе го напушти Лацио за да се пресели во поголем клуб.
Во изминатите преодни рокови Савиќ се поврзуваше со најголемите европски тимови. Се споменуваа Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед…Во прв план некако се издвојуваше Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Со сета почит кон Лацио, Сергеј е играч за голем клуб во иднина. Сигурен сум дека ќе дојде време за нова епизода. Јувентус и понатаму е голем клуб и на секого би му било чест да игра за „старата дама“, ќе видиме што носи новиот ден“, изјави Кежман за „Тутојуве“.
Преговори со Јувентус имало и во минатото.
„Имавме неколку сериозни преговори со Јувентус. На крајот ништо не се случи затоа што не пронајдовме заеднички јазик“, откри Кежман.
Сезонава Савиќ за Лацио постигна три гола и подели четири асистенции.