Дома Фудбал Италија Квардадо пред „најлесниот“ натпревар: Не смееме да ги потцениме!

Квардадо пред „најлесниот“ натпревар: Не смееме да ги потцениме!

huan cuardado

Интересна изјава на фудбалерот на Јувентус, Хуан Квардаро, пред натпреварот против тимот кој има скор 0-11.

На Јувентус му се неопходни победи за да остане во чекор со Интер и Наполи, а во наредното коло ќе играат против најслабиот противник во Серија А и тоа на домашен терен.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Торино во недела пристигнува тимот на Беневенто кој е последен на табелата без ниту еден освоен бод и со гол разлика 4:29.

Сепак, Хуан Квардадо истакнува дека не смее да ја сфатат работата како завршена.

„Ниту еден натпревар не е лесен. Мораме да излеземе на терен и да одиграме најдобро што знаеме. Кога судијата ќе означи почеток резултатот ќе биде 0:0. Мораме да пристапиме исто како и против секој противник“, изјави Квардадо кој потоа зборуваше за ремито на неговиот тим во Лисабон.

„Малку сме нерасположени после тој нерешен резултат. Доколку победевме ќе бевме многу по опуштени. Сепак, тоа е важен бод и до крајот се зависи од нас“, заврши Колумбиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …