Дома Фудбал Кварацхелија најдобар играч во Серија А

Кварацхелија најдобар играч во Серија А

Ѕвездата на Наполи, Квича Кварацхелија заслужено беше прогласен за најдобар играч во Серија А оваа сезона.

Кварацхелија беше вистинско откритие оваа сезона и го предводеше Наполи до Скудетото.

Серија А денеска ги објави лаутеатите за сезонава, па покрај Кварацхелија кој е избран за најдобар фудбалер, Виктор Осимен ја доби наградата за најдобар напаѓач, а Јужнокореецот Ким Мин Јае за најдобар дефанзивец.

Најдобар голман е Иван Проведел од Лацио, најдобар играч за врска Николо Барела од Интер, додека за најдобар тренер очекувано беше избран Лучијано Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…