Дома Фудбал Останато Кај нас се најавува нов карантин, а на 80 километри се играат натпревари со публика!

Кај нас се најавува нов карантин, а на 80 километри се играат натпревари со публика!

Денес во местото Срудулица во Србија кое е само на 80 километри од Македонија се играше натпревар со публика во српскиот куп помеѓу Радник и Партизан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во Србија со одредени мерки веќе е дозволено да има навивачи на стадионите што можеше да се види и на овој натпревар. Иако ова место е блиску до нашата земја сепак, кај нас сме далеку од ваква слика затоа што се уште имаме висока бројка на заразени. Освен тоа за викендот кој следи се најавува и целосен карантин за местата со најмногу заразени.

Кога се другите земји околу нас првенствата веќе започнаа во Албанија и Косово, а се очекува и старт во Бугарија.

Ќе потсетиме кај нас ФФМ донесе одлука од за продолжување на сезоната, меѓутоа не е исклучена можноста нешто да се промени затоа што целиот тим на Ренова од пред два дена е во карантин поради неколку слуачи на коронавирус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…