Дома Фудбал Останато Кај Гатузо нема ѕвезди, го исфрли Перишиќ од тимот

Кај Гатузо нема ѕвезди, го исфрли Перишиќ од тимот

Тренерот на Хајдук Сплит, Џенаро Гатузо, реши да го отстрани Иван Перишиќ од првиот тим на „билите“.

Хајдук утре игра против Локомотива Загреб, но еден од најдобрите играчи нема да биде во составот.

„Од првиот ден кога дојдов на кормилото во Хајдук барам дисциплина. Постојат јасни правила и секој мора да ги почитува“, кажа Гатузо.

Перишиќ се јави со реакција по потегот на Гатузо и бурните реакции од навивачите на екипата од Сплит.

„Денес имаме важен меч и не ми паѓа на памет да ги малтретирам момците. Нема да го свртам вниманието на себе. Среќно на тимот, а за ова што се случи ќе зборуваме потоа“, објави Перишиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тајна клаузула во договорот на Фабрегас: Само три клуба можат лесно да го преземат од Комо

Цеск Фабрегас наводно може да го напушти Комо за симболичен надоместок доколку добие понуд…