Дома Фудбал Италија Кафу: Овој Милан го поседува карактерот на Гатузо

Кафу: Овој Милан го поседува карактерот на Гатузо

cafu

Легендарниот бразилски дефанзивец и поранешен играч на Милан, Кафу смета дека не е чудо што „росонерите“ покажуваат толкава доза на одлучност и мотив во последно време кога на клупата го имаат Џенаро Гатузо.

„Росонерите“ во рамките на Серија А за викендот стигнаа до победа против Киево од 3:2 и ако во еден момент од натпреварот имаа негатива од 1:2.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Од Гатузо можеме да очекуваме се. Не е изненадување што екипата која ја води поседува огромна желба и одлучност. Овој тим на Милан го поседува карактерот на Гатузо“, зборуваше Кафу кој потоа беше запрашан за Андре Силва.

„Тој е многу важен играч за Милан, покажа дека може да направи разлика. Знае како да постигнува голови и се надевам дека ќе ја пронајде вистинската форма и ќе допринесе за тимот“, заврши легендарниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…