Дома Фудбал Англија Катастрофа за Мурињо: Манчестер Јунајтед продолжува да руши негативни рекорди

Катастрофа за Мурињо: Манчестер Јунајтед продолжува да руши негативни рекорди

mourinho

Манчестер Јунајтед оваа сезона под водство на Жозе Мурињо руши негативни рекорди.

Дали конкуренцијата е многу посилна или едноставно Манчестер Јунајтед помалку квалитетен во однос на претходните години, оставаме на вас да процените.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, бројките не лажат. Манчестер Јунајтед никогаш во последните 40 години немал полоша гол-разлика. Не само тоа, Јунајтед во овој момент е на осмата позиција и зад водечкиот Манчестер Сити заостанува 12 бодови.

Она што го знаеме е дека Мурињо својата фудбалска филозофија ја базира на одбраната, но неговиот тим досега прими 21 гол. Манчестер Сити и Ливерпул примија по пет.

После 12 натпревари во сезоната Манчестер Јунајтед има негативна гол разлика (-1), што е прв пат во последните 40 години. Само на еден натпревар „ѓаволите“ не примија гол, а тоа беше против Фулам кој е последен на табелата.

Не е тоа се, Манчестер Јунајтед претходно својата игра ја базираше на брзи пасови, но сега тоа не е случај бидејќи имаат проблем со поседот. После 12 минути во натпреварот против Манчестер Сити маа само пет точни додавања, што е навистина смешно и за далеку послаби клубови.

Очигледно во Манчестер Јунајтед нешто мора да се менува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гатузо пред нов ангажман во тренерската кариера

Поранешниот италијански фудбалер и денес тренер, Џенаро Гатузо е пред нов ангажман во трен…