Дома Фудбал Катастрофална грешка на Рома: Одбиле да го купат Лаутаро за „ситни пари“

Катастрофална грешка на Рома: Одбиле да го купат Лаутаро за „ситни пари“

Лаутаро Мартинез летото 2018 година пристигна во Интер и оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Аргентинецот блеска во дресот на Интер и за него силен интерес покажува Барселона, која дури е спремна да плати откупната клаузула од 111 милиони евра.

Лаутаро во Интер пристигна за 25 милиони евра, а со своите одлични настапи неговата цена неколкукратно се зголеми.

Меѓутоа, италијанските медиуми откриваат дека неговата кариера можела да замине во друг правец. Напаѓачот во јануари 2018 година бил на чекор од трансфер во Рома, која тогаш можела да го донесе само за 8 милиони евра.

Меѓутоа, тогашниот спортски директор на „волчицата“, Мончи ја одбил можноста да го донесе Лаутаро на „Олимпико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…