Дома Фудбал Останато Катар го претстави футуристичкиот стадион за Мундијалот во 2022

Катар го претстави футуристичкиот стадион за Мундијалот во 2022

Стадионите кои Катар ги гради за потребите на Светското фудбалско првенство 2022 година, на кое ќе биде домаќин, се скоро при крај. Еден од нив, Ал Вакрах, е веќе готов и со својот изглед ги запали социјалните мрежи.

Стадионот кој има капацитет од 40.000 гледачи, на кој ќе се играат четвртфиналните дуели од Мундијалот во 2022 година, предизвика бурна расправа на социјалните мрежи поради неговиот футуристички изглед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стадионот е дизајниран од страна на британско-ирачкиот архитект Даме Заха Хадид, кој почина од срцев удар во 2016 година. Дизајнот на овој фудбалски храм е инспириран од традиционалниот арапски брод „dhow“.

Но, и покрај оригиналната инспирација на архитектот, коментарите на социјалните мрежи за изгледот на стадионот заминаа во сосема поразличен правец, категорично потенцирајќи дека изгледот на стадионот ги потсетува на женски полов орган.

Освен дизајнот на стадионот, фудбалските обожаватели сметаат дека Катар не е најдобра опција за домаќин на Светското фудбалско првенство поради високите температури и жештините. Дизајнерите на стадионите се потрудија да го решат и овој проблем, така што стадионите се опремени со разладувачки системи кои температурата на стадионите ќе ја одржуваат на пријатни 20 Целзиусови степени.

Останува да видиме дали ова Светско првенство ќе биде на ниво какво што го најавуваат или ќе остане запаметено по пеколните горештини и стадионите кои предизвикуваат асоцијации и алузии на женски полови органи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…