Дома Фудбал Репрезентации Касиљас призна дека одбил да брани против Хрватска, објасни и зошто

Касиљас призна дека одбил да брани против Хрватска, објасни и зошто

Икер Касиљас како што е познато ја заврши својата кариера во која со Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија освои се што можеше да се освои.

Меѓутоа Касиљас немаше баш најдобар крај во селекцијата на „Црвената Фурија“ после дебаклот на Мундијалот 2014 година и две години подоцона на Европското првенство во Франција. Икер одлучи да сними документарец за неговата кариера, а последниот дел беше прикажан вчера. Тој зборуваше за ЕП од пред четири години каде што Шпанија не се прослави. Шпанија тоа првенство испадна во првата нокаут рунда кога ги победи Италија со 2:0.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Интересно беше во последното коло од групната фаза во кое Хрватска и Шпанија играа за првото место. Хрватите успеаа да слават со 2:1 и да дојдат до првата позиција. После тој натпревар Касиљас се најде на ударот на јавноста.

Наводно, Висенте Дел Боске сакал Касиљас да брани во тој натпревар иако Де Геа беше стартер во претходните две. Тогаш до јавноста дојде информацијата дека Касиљас одбил да брани.

Четири години подоцна легендарниот голман одлучи да открие што се случувало пред тој натпревар.

„Селекторот ми кажа дека сака јас да бранам, но му одговорив дека е подобро да продолжи со Давид. Не сметав дека заслужувам да бранам на тој натпревар кој беше последен во групата. За среќа на крајот кажав не, бидејќи изгубивме. Сигурен сум дека јас ќе бев виновен за се што се случуваше, баш како после Мундијалот во 2014, чувствував дека нема добро да се заврши“, изјави Касиљас.

Икер после Европското првенство во Франција повеќе не бранеше за Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …