Дома Фудбал Касиљас демантира: Не сум во пензија, вчера бев на преглед се е во најдобар ред

Касиљас демантира: Не сум во пензија, вчера бев на преглед се е во најдобар ред

Денес во Португалските медиуми се појави вест дека Икер Касиљас сигурно ќе ја заврши блескавата кариера, меѓутоа на радост на сите фудбалски фанови таа информации не била точна.

Самиот Касиљас денес се огласи на социјалните мрежи и порача дека се уште не е пензиониран и најави дека постојат шанси и во иднина да го гледаме на зелениот терен.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најавите беа дека Касиљас ќе стане клупски амбасадор на Порто, но засега Икер се уште е голман и се надева на продолжување на кариерата. Касиљас соопшти дека засега се оди во најдобар ред.

„Добро утро на сите. Не, не одам во пензија. Ќе знаете кога тој ден ќе дојде, но сега се уште не е дојден. До тогаш само полека. Вчера имав преглед кај мојот доктор Фелипе Маседо и се помина во најдобар ред. Тоа се одлични вести и сакав да ги споделам со вас“, напиша големиот Икер.

Ќе потсетиме, Икер Касиљас на 1-ви мај заработи срцев удар на тренингот на Порто, а после неколку дена поминати во болница шпанската легенда беше пуштен на домашно лекување.

Претходниот познатиот шпански кардиолог и поранешен кошаркар Чорбалан тврдеше дека Икер нема шанси да продолжи со професионалното играње фудбал, но ваквите најави на Икер даваат надеж на фудбалскиот свет дека тој ќе продолжи да брани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…