Дома Фудбал Останато Касиљас даде своја проценка за засилувањето на Реал Мадрид од 50 милиони евра

Касиљас даде своја проценка за засилувањето на Реал Мадрид од 50 милиони евра

casillas

Легендарниот Икер Касиљас во залезот на својата кариера брани во редовите на Порто.

Токму од редовите на Порто ќе биде првото летно засилување за Реал Мадрид. „Кралевите“ неодамна го потврдија трансферот на Едер Милитао.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант за Милитао се одлучи да издвои 50 милиони евра кои ќе ги добие Порто. Со оглед на тоа дека се соиграчи Касиљас добро го познава Милитао. Легендарниот голман потенцираше дека со неговиот ангажман Реал Мадрид направил вистински потег.

„Реал Мадрид направи одличен потег. Обезбедија млад играч со блескава иднина. Убеден сум дека ќе има успех во Реал Мадрид“, порача Икер и додаде:

„Во Порто ризикуваа со тоа што помлад му дадоа шанса, но Милитао покажа карактер. Тој е едно скромно момче кое сака да ги заврши работите на вистински начин. Единствено за што сум загрижен е како ќе успее да се прилаги во Шпанија. Меѓутоа тоа не можам да му го објаснам со зборови, кога ќе пристигне во Мадрид ќе сфати за што му зборам“, заврши Касиљас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…