Дома Фудбал Касемиро: Нема да играм ЛШ со Јунајтед? Веќе имам пет титули…🎥

Касемиро: Нема да играм ЛШ со Јунајтед? Веќе имам пет титули…🎥

Касемиро неодамна ја изненади фудбалската јавност со напуштањето на Реал Мадрид и трансферот во Манчестер Јунајтед за 70 милиони евра.

За многумина овој потег на Касемиро не е јасен затоа што од актуелниот освојувач на Лигата на шампионите и еден од главните фаворити во новата сезона се пресели во клуб со кој нема да игра во најелитното европско натпреварување.

Во Манчестер Јунајтед тој им се придружи на поранешните клупски соиграчи од Мадрид, Роналдо и Варан. Бразилецот во едно од првите интервјуја на Островот го „пецнаа“ со тоа дека нема да игра во ЛШ, но тој знаеше како да им одговори.

„Веќе имам пет трофеи во Лигата на шампионите“, гласеше одговорот на Касемиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…