Легендарниот италијански фудбалер Антонио Касано смета дека Душан Влаховиќ и Јувентус не се добар спој во овој момент.
Влаховиќ од вчера и официјално е нов играч на Јувентус, а Касано смета дека овој трансфер не е добар за никого.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ањели одработи голема работа кога никој не очекуваше, но јас зборував и сигурен сум дека Алегри и понатаму ќе игра на свој начин. Јувентус ќе биде ист како и до сега кого и да купи. По мене ова е погрешен момент. За Влаховиќ подобро ќе беше да направи трансфер во Арсенал, Тотенхем или Севиља. Ова што го направи е ризичен потег. Не верувам дека може да ги промени работите во Јувентус“, изјави Касано.
Јувентус за Влаховиќ на Фиорентина и плати сума од 70 милиони евра која ќе биде исплатена во три години.