Дома Фудбал Останато Касано го изнафали Роналдо, па му испрати директна провокација

Касано го изнафали Роналдо, па му испрати директна провокација

caasano ronaldo

Новата сезона во италијанската Серија А започнува наредната недела, а многумина со нетрпение очекуваат да го видат Кристиано Роналдо во дресот на Јувентус.

Роналдо неодамна го напушти Реал Мадрид и потпиша за Јувентус што за многумина беше големо изненадување. Серија А се враќа наредната недела, а сигурно дека натпреварите на Јувентус токму поради Роналдо ќе привлекуваат големо внимание.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На ситуацијата со Роналдо свој коментар сега даде и ветеранот на италијанскиот фудбал, Антонио Касано кој е сигурен дека Јувентус ќе ја одбрани титулата и дека Роналдо ќе биде најдобар стрелец.

„Јувентус ќе ја освојува титулата до 2022 година кога на Роналдо му истекува договорот. Сигурен сум дека Роналдо во новата сезона ќе постигне 40 погодоци во дресот на Јувентус кој без проблем ќе ја одбрани титулата. Јуве направи одлична работа бидејќи го доведе вториот најдобар играч на светот. Секако, Меси за мене се уште е најдобар и на мојот син му го дадов името Лионел“, изјави Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…