Поранешниот италијански напаѓач верува дека Аргентинецот треба да игра во стартниот тим на Интер.
Мауро Икарди се врати во тимот на Интер во моментот кога неговиот сонародник Лаутаро Мартинез се повреди, па поранешниот капитен на „нероаѕурите“ имаше сигурно место во стартните 11. Иако Икарди веднаш после враќањето одигра добар натпревар против Џенова во кој постигна и гол, вчера против Аталанта не беше на потребното ниво.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интересно мислење кое го сподели со јавноста има Антонио Касано кој своевремено го носеше дресот на Интер. Тој смета дека Лаутаро заслужува место во стартните 11 пред Икарди.
„На Лаутаро добро му оди. Има само 20 години и треба да игра повеќе бидејќи е подобар од Икарди. Икарди само постигнува голови, тоа е единственото што го прави. Ако не постигне гол значи дека не направил ништо. Кога тој нема да постигне гол тимот нема никаква корист од него. Постојат напаѓачи кои постигнуваат голови, но истовремено и работат за екипата. Таков е Мартинез“, смета Касано.
Тој тврди дека Спалети повеќе сака напаѓачи каков што е Мартинез.
„Интер игра во формација 4-2-3-1, а тоа значи дека има место само за еден класичен напаѓач. Икарди и Лаутаро не можат заедно да бидат на теренот во таа формација. Да е само до Спалети верувам дека тој би го избрал Мартинез затоа што повеќе работи за тимот. Мислам дека кај Спалети не би играл ни Пјонтек. Спалети сака напаѓачи како што се Џеко, Бензема или Левандовски, додека Икарди е како Инзаги“, изјави легендарниот италијански фудбалер.