Дома Останати Кошарка НБА Кари постави рекорд, Јокиќ стигна до дабл-дабл па беше исклучен, Вориорси имаат 2:0 🎥

Кари постави рекорд, Јокиќ стигна до дабл-дабл па беше исклучен, Вориорси имаат 2:0 🎥

Голден Стејт забележа нобва победа против Денвер, сега со 126:106 и поведе со 2:0 во серијата на Западната конференција.

Предводник на Вориорси беше Стеф Кари кој оствари учинок од 34 поени, три скока и четири асистенции. Одлична помош имаше Кари и од Пул кој постигна 29 поени и забележа пет скока и осум асистенци. Најдобар во редовите на Денвер беше Никола Јокиќ со дабл-дабл од 26 поени, 11 скока и четири асистенции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Треба да се спомене дека Кари на овој натпревар стигна до рекорд и стана првиот кошаркар кој набрзо постигна 30 поени. Кари тие 34 поени ги постигна за 23 минути. Јокиќ покрај остварениот дабл-дабл заработи и исклучувања на седум минути пред крајот.

Далас дојдоа до изедначување на 1:1 во серијата со Јута. Џејлен Брансон одигра фантастичен натпревар и постигна 41 поен, со осум скокови и пет асистенции. Богдановиќ уфрли 25 поени.

Филаделфија на Истокот стигна до 2:0 со Торонто откако победи со 112:97. Џоел Ембид го водеше својот тим со 31 поен и 11 скокови. На спротивната страна Аноноби постигна 26 поени и забележа еден скок и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …