Тимот на Јанис Андетокумбо не успеа да стигне до победа во Ол-Стар спектаклот кој се одржа во Шарлот каде што подобар беше тимот на предводен од Леброн Џејмс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јанис беше вистински лидер на својот тим кој имаше предност и од 20 поени во еден момент, меѓутоа со серијата тројки во третата четвртина тимот на Леброн стигна до победата.
Лидерот на поразените, Јанис натпреварот го заврши со 38 постигнати поени и 11 скока, а доминираше и кога забивањата беа во прашање. Еден момент кој сигурно е за издвојување се случи во втората четвртина.
Тогаш во соработка со Стеф Кари грчкиот кошаркар изведе спектакуларен скок каков што ретко се гледа и со монструозно забивање поентираше. Ова секако беше потег кој придонесе за огромни овации во целата арена.
Descending from the mountain Olympus pic.twitter.com/S14UtPa4wF
— Eurohoops.net (@Eurohoopsnet) February 18, 2019
Дефинитивно незамисливо е да видиме вакво нешто некаде на друго место, освен на „Ол-Стар“.
МВП на овој спектакл кој се одржа во Шарлот беше Кевин Дурант што за него беше второ вакво признание во кариерата.
ЈАНИС ТИМ – ЛЕБРОН ТИМ 164:178 (53:37, 42:45:36:50, 33:46).
Леброн тим: Дурант 31 (6/9 за три), Ленард 19 (5/11 за три), Џејмс 19 (1/8 за три), Харден 12 (4/13 за три), Ирвинг 13, Дејвис 5, Олдриџ 2, Таунс 11, Лилард 18, (6/17 за три), Симонс 10. Вејд, 7, Томпсон 20 (6/12 за три, Бил 11 (3/10 за три).
Јанис тим: Адетокумбо 38, Џорџ 20 (6/12 за три), Ембид 20, Кари 17 (4/17 за три), Грифин 10, Новицки 9, Мидлтон 20 (6/10 за три), Јокиќ 6, Вучевиќ 4, Расел 6, Лаури 3, Вестбрук 17 (1/8 за три).