Дома Останати Кошарка НБА Кари испиша историја, Голден Стејт славеше против Денвер 🎥

Кари испиша историја, Голден Стејт славеше против Денвер 🎥

Изминатата вечер два натпревари беа одиграни во НБА лигата. Голден Стејт на гости кај Денвер славеше со 102:113, додека Бруклин беше подобар од Филаделфија со 129:100.

Во Денвер се одигра изедначен натпреварот, расплетот беше добиен во самата завршница кога Вориорси со серија од 13:0 дојдоа до 100:102. Кари натпреварот го заврши со 34 поени и 9 скока, Пул од клупата запиша 21 поен, пет скока и седум асистенции, Томпсон застана на 11.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На овој натпревар Кари стигна до 20.000 поен во кариерата во НБА. Кај Денвер најдобар беше Никола Јокиќ со 23 поени, 12 скока и 9 асистенции.

Бруклин во триумфот беше предводен од Дурант со 25 поени, 14 скокови и 7 асистенции, Ирвинг додаде 22 поени и 5 скока. На другата страна Харден не се прослави против своите поранешни соиграчи и оствари учинок 11 поени, 6 скока и 5 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…