Лориус Кариус новата сезона ќе ја помине на позајмица во Унион Берлин и повторно нема да биде во Ливерпул.
Јирген Клоп повеќе не смета на него, а најголема причина за тоа што кариерата на Кариус тргна во надолна линија е неговиот настап во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид кога беше трагичар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После преминувањето во Унион Берлинг во разговор за новинарите раскажа како изгледал неговиот последен разговор со Клоп.
„Имавме одличен однос и никогаш немаше проблем помеѓу нас. Тој е еден од најдобрите во светот и за тоа зборуваат резултатите кои ги имаше. Ми кажа дека доаѓањето во Берлин е добро за мојата кариера затоа што на сите ќе имам прилика да им покажам колку сум добар. Сакам луѓето да ги потсетам на тоа колку добар бев во Мајнц“, изјави Кариус.