Дома Фудбал Англија Кариус после новата грешка: Зошто толку омраза и гнев…

Кариус после новата грешка: Зошто толку омраза и гнев…

Лорис Кариус е на удар на критичарите уште од финалето во Лигата на шампиони, а нападите на социјалните мрежи се навистина жестоки.

Германскиот голман очигледно е дестабилизиран, па синоќа на пријателскиот дуел против Дортмунд направи уште една голема грешка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После тоа повторно почнаа нападите и потсмевањето на социјалните мрежи, па Кариус мораше да реагира.

„Жал ми е за тие кои се радуваат на грешките на другите. Што се случува во вашиот живот, па да имате толку омраза и гнев, ве молам оставете го тоа и нека ви се случуваат само добри работи“, напиша Кариус.

Кариус потоа доби поддршка и од неговиот колега, легендарниот Икер Касиљас, кој повика да престанат нападите над германскиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покетино на листата кандидати за нов тренер на Милан

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино може да го смени клубот на лето. Според „La Repubblic…