Германскиот голман Лорис Кариус на крајот на оваа сезона ќе стане слободен играч бидејќи му истекува договорот со Ливерпул.
Кариус веќе втора сезона е на позајмица во Бешикташ и се шпекулираше дека турскиот клуб ќе му понуди договор до крајот на сезоната. Но, медиумите во Турција пишуваат дека тоа тешко ќе се случи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Бешикташ Кариус често прави киксови на теренот, а во последната недела има проблеми и со однесувањето.
Турските медиум пишуваат дека поради прекинувањето на врската со долгогодишната девојка Кариус многу често ноќите ги поминува во ноќните клубови, па тоа сигурно се одразува и на неговите настапи на теренот.
Рака на срце, Кариус и пред тоа не беше нешто подобар и примаше неверојатни голови.